вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВМФЛ: Гостивар сигурен, Воска Спорт се израмни со Вардар кој ремизираше со Арсими

ВМФЛ: Гостивар сигурен, Воска Спорт се израмни со Вардар кој ремизираше со Арсими

Продолжија возбудувањата во Втората македонска фудбалска лига водечкиот Гостивар во рамките од 16 коло запиша нова победа сезонава откако со 1:0 го совлада Пехчево. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Ринор Ајдини.

Вардар ремизираше со Арсими (1:1), гостите поведоа со погодокот на Абдија, а израмни Десниќ.Екипата на Воска Спорт беше убедлива против Караорман (4:1), а најубедлив беше Пелистер кој со 5:0 го надигра Кожуф.

Во другите мечеви: Беласица – Детонит Плачковица 2:1, Беса 1976 – Саса 2:0, Слога Виница – Борец 4:0, Тетекс – Охрид 2:0. На табелата води Гостивар со 40 бодови, пред Воска Спорт и Вардар кои имаат по 37.