понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВМФЛ: Нови победи за Пелистер и Башкими

ВМФЛ: Нови победи за Пелистер и Башкими

Пелистер стигна и до два од два во второлигашката конкуренција сезонава откако денеска без поголеми проблеми на домашен терен славеше над екипата на Новаци со 4-0.

Резултатот по шест минути игра го отвори Бојан Спирковски додека по половина час игра стрела Талевски. На нови погодоци се чекаше до финишот, кога по 85. минута во гостинската мрежа погодуваа Гроздановски и Здравевски.

Во дербито на рундата Башкими на домашен терен славеше против Победа со 2-1, додека Беса со 2-0 беше подобра од Беласица со головите на Есати и Емини.

ПЕЛИСТЕР – НОВАЦИ  4-0

БАШКИМИ – ПОБЕДА 2-1

БЕСА – БЕЛАСИЦА  2-0

АРСИМИ – КАМЕНИЦА САСА 4-0

ТЕТЕКС – ОСОГОВО 2-1

ВАРДАР НЕГОТИНО – КОЖУФ 1-2

СКОПЈЕ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА (УТРЕ) 

ОХРИД – КАРАОРМАН (30. АВГУСТ)