вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВМФЛ: Пелистер подобар од Беласица, убедливи победи за Беса и за Победа

ВМФЛ: Пелистер подобар од Беласица, убедливи победи за Беса и за Победа

Пелистер имаше успешен старт на сезоната во Втората лига откако го доби дербито против Беласица во Струмица со 0:2. Љамчевски од пенал во првото полувреме донесе водство, а Спиркоски со удар глава во вториот дел го потврди триумфот.

Беса убедливо го победи Осогово на гости со 0:4, а и Победа беше разиграна и славеше со 5:1 против Тетекс.

Башкими минимално го победи Охрид со 1:0, а Новаци трумфираше со 2:0 против Арсими, а Кожуф со 3:0 го надигра Караорман. Детонит оствари триумф од 1:0 против Вардар Неготино, а Каменица Саса и Скопје ремизираа, 1:1.