петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Во Италија нема да се прославува титулата – ова е тажната причина

Во Италија нема да се прославува титулата – ова е тажната причина

Само неколку стотини навивачи се најдоа на аеродромот во Рим за да ги поздрават новите европски шампиони, што ќе биде најмасовната прослава на големиот успех на ЕВРО 2020 на територијата на новиот првак.

Според Скај Спортс, италијанските власти нема да дозволат прослава по улицата, низ кои би поминале златните фудбалери со цел да се намали ризикот од пренесување на коронавирусот. Но, тоа не ги спречи Италијанците ноќеска да слават до длабоко во ноќта, поради што ваквата одлука на римската локална власт и нема тешко да им падне.

„Ве гледавме на екраните, ама ни бевте во срцата. Заеднички ја чувствувавме болката и страдањата на тие што патеа и што беа на коленици поради пандемијата. Навистина ни требаше нешто вакво за да не обедини во славјето. Младо и старо се радуваше, со песна, танци и со гласно пеење на химната“, изјави за Ројтерс пресреќна жителка на Рим.

За Италија ова е втора европска титула од 1968 година, до која дојдоа со триумфот во големото финале против Англија и тоа на пенали.