четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Во Порто се бесни на судењето: Не игравме само против Барселона! (ВИДЕО)

Во Порто се бесни на судењето: Не игравме само против Барселона! (ВИДЕО)

Премиерлигата е убедливо најбогатата лига во Европа, но од таму излегуваат судии кои постојано се во центарот на вниманието поради контроверзни ситуцаии иако котираат високо на листата на УЕФА и ФИФА.

Вчера Порто распали по Ентони Тејлор на кого не му е првпат да носи одлуки во европскиот фудбал кои предизвикуваат гнев кај оштетените екипи.

Порто синоќа во неколку наврати побара пенал против Барселона, а кога Тејлор покажа на белата точка, со помош на ВАР тој ја промени одлуката.

Тоа се случи во 77. минута кога Кансело очигледно намерно играше со рака. Но, Тејлор на видео снимката виде претходно играње со рака од фудбалер на Порто, дилемата во таа ситуација е дали тоа беше рамо или рака.

По натпреварот, тренерот Серхио Консеисао запрашан за судењето рече: „Не игравме само против клуб. Тоа е се што можам да кажам“.