Билетите за фудбалскиот натпревар меѓу Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија од денеска се пуштаат во продажба.
Како што информираа од клубот, продажбата ќе се одвива во периодот од 9 до 11, како и од 17 до 20 часот до 20 јули.
Секој ќе може да купи најмногу две влезници со документ за идентификација. Цената на билетите изнесува 300 денари.
Натпреварот кој е рамки на второто коло на Конференцсиката лига на УЕФА ќе се одигра на 21 јули на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ.