недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Во тимот на четвртфиналето само Меси и Ливаковиќ имаат најголеми оценки

Во тимот на четвртфиналето само Меси и Ливаковиќ имаат најголеми оценки

Четвртфиналните дуели на Мундијалот во Катар ни донесоа многу драматични пресврти, изненадувања, пенал-серии, конфликти и се она што претставува едно големо натпреварување.

Најдобар според „Sofascore“ е единствениот Лионел Меси, кој ја предводеше својата репрезентација во драматичната победа на пенали против Холандија, добивајќи висока 9.1 оценка.

Единствен со над „деветка“ е и хрватскиот голман, Доминик Ливаковиќ, најзаслужните за двете пенал-победи на „коцкестите“, а во тимот на колото друштв му прават уште тројца сонародници – Јосип Јурановиќ, Марцело Брозовиќ и ветеранот Дејан Ловрен.

Одбраната на Мароко, предводена од Алах и Јамик заслужено е меѓу најдобрите 11, во кои има место и за препородениот Антоан Гризман, еден од најдобрите кај Французите.

Место во најдобрите 11 има и за тројца фудбалери кои веќе се на пат дома – холандското изненадување Вут Вегхорст, англискиот талент Букајо Сака и Бруно Фернандеш од Португалија.