Европската фудбалска федерација попладне ќе изврши ждрепка за групната фаза во Лигата на шампионите.
Ќе бидат формирани осум групи со по четири екипи. Од 32. екипи, 26 се пласираа директно во групната фаза, а уште шест беа одредени според резултатите во квалификациските натпревари.
По четири претставници ќе имаат Шпанија, Англија, Италија и Германија, Франција и Русија по три, Украина два, а по еден тим во елитното натпреварување доаѓа од Португалија, Белгија, Холандија, Австрија, Турција, Данска, Грција и Унгарија.
Трофејот ќе го брани Баерн Минхен.
Почетокот на извлекувањето е закажано за 17 часот.