среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ: Се урна трибина полна со навивачи на познатиот „Монументал“ во Чиле (ВИДЕО)

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ: Се урна трибина полна со навивачи на познатиот „Монументал“ во Чиле (ВИДЕО)

Застрашувачка ситуација се случи на стадионот на познатиот чилеански клуб Коло Коло кога под притисок на навивачите се урнал еден дел од трибината.

На стадионот „Монументал“, кој има околу 45.000 седишта, домашните навивачи го следеа отворениот тренинг на својот клуб пред големиот натпревар против Универзидад Католика во првенството на Чиле.

Тренингот заврши неочекувано и на шокантен начин кога дел од трибината не ја издржа тежината на навивачите и пропадна.

Во тој момент веќе имаше неколку илјади навивачи, но и на трибината под таа што се урна. Според медиумите, повредени се повеќе од десет луѓе, а за среќа никој не е во животна опасност.