понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВРИЕ кај Белгијците – Вертонген: Не можеме гол да дадеме, имаме престари офанзивни играчи

ВРИЕ кај Белгијците – Вертонген: Не можеме гол да дадеме, имаме престари офанзивни играчи
Пред некој ден Де Брујне изјави дека Белгија нема шанси за трофејот бидејќи имаат многу стар тим, слична изјава даде и Еден Азар кој посебно ги посочи стоперите.
Искусниот Јан Вертонген по мечот со Мароко даде зајадлива изјава како одговор на она што го кажаа Де Брујне и Азар.
„Не создадовме доволно шанси. Мислам дека имаме квалитет да се надеваме на подобар резултат во третото коло, но очигледно дека напаѓаме лошо затоа што имаме престари офанзивни играчи“, изјави Вертонген.