среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВРТОГЛАВ ИЗНОС: Халанд потрошил половина милион евра на проштални подароци

ВРТОГЛАВ ИЗНОС: Халанд потрошил половина милион евра на проштални подароци

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд (21) им поделил десетици скапи часовници на своите соиграчи и клупскиот персонал на заминување од Борусија Дортмунд во Манчестер сити.

Германскиот весник „Билд“ објави дека младиот норвешки фудбалер на секој од своите 33 соиграчи и членови на стручниот штаб им подарил луксузен часовник вреден 15.000 евра.

Халанд не ги заборавил ниту другите вработени во клубот и на готвачите, физиотерапевтите, лекарите и другиот персонал им подарил часовници од кои секој чинел по околу 7.000 евра.

– Ми беше чест да го носам овој дрес. Во Борусија Дортмунд имавме незаборавни моменти, запознав посебни луѓе, а да не говорам за навивачите, кои секогаш беа 12-ти играч на теренот. „Жолтиот ѕид“ е навистина неверојатен. Никогаш нема да ги заборавам овие работи. Ви благодарам на сите, порача Халанд.

Норвешкиот репрезентативец ќе ја продолжи кариерата во Манчестер сити каде во следните пет години треба да заработува 30 милиони евра по сезона.