На вториот ден од Мундијалот во Катар закажани се три натпревари – во групата А се среќаваат Холандија и актуелниот африкански шампион Сенегал, додека во групата Б Англија игра против Иран, а противникот на Соединетите Американски Држави ќе биде Велс.
Во 14 часот почнува првиот натпревар на вториот ден од Светското првенство во Катар – во групата Б на меѓународниот стадион „Калифа“ се среќаваат Англија и Иран.
Дербито на денот ќе биде дуелот помеѓу Холандија и актуелниот африкански шампион Сенегал. Натпреварот започнува во 17 часот, а ќе се игра на стадионот „Ал Тумама“.
Последниот натпревар денеска е меѓу репрезентациите на САД и Велс кои по 64 години ќе одиграат натпревар на Светското првенство. Натпреварот во групата Б е закажан на стадионот „Ахмад бин Али“ од 20 часот.
Светското првенство во Катар започна вчера со мечот меѓу Катар и Еквадор, по што репрезентацијата на Катар испиша историја како прв домаќин на Мундијалот кој го загубил првиот меч.
Group B 🏴🇺🇸🏴🇮🇷
Get aboard the hype train! 💥#FIFAWorldCup pic.twitter.com/wPn6GppyiT
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 21, 2022
Група A:
Катар – Еквадор 0:2 (0:2)
17.00 Сенегал – Холандија
Табела:
Еквадор 3
Холандија 0
Сенегал 0
Катар 0
Група Б:
14.00 Англија – Иран
20.00 САД – Велс
Табела:
Англија 0
Велс 0
Иран 0
САД 0