вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

За Кејн најверојатно сезоната е завршена

За Кејн најверојатно сезоната е завршена

Најдобриот фудбалер на Тотенхем, Хари Кејн, веројатно ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната, бидејќи потешко ја повреди левата нога во четвртфиналето на Лигата на шампионите со Манчестер сити.

-Ова е многу, многу тажно. Можеби за него сезоната е завршена, рече тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино.

Кејн по завршување на натпреварот, стадионот го напушти со помош на патерици. За каква повреда се работи ќе се знае во текот на денешниот ден, откако ќе бидат направени медицински прегледи.

Оваа сезона, 25-годишниот Кејн настапи на 39 натпревари за „Спарс” постигна 24 гола и забележа шест асистенции.