Тркалањето на бразилската суперѕвезда Нејмар на овој Мундијал ги разгневи љубителите на фудбалот и ако нешто посебно ги радува е тоа што веќе нема да го гледаат театарот на ѕвездата на ПСЖ, откако Бразил со поразот со 1-2 испадна во четвртфиналето.
И додека се собираат впечатоците од фантастичниот меч, на кој немаше да биде незаслужено ако се играа и продолженија, повторно Нејмар се најде во центар на вниманието со обидот да изглуми пенал.
Нејмар се фрли за да добие пенал, ама судијата Милорад Мажиќ не наседна на глумата. Но, кога од неколку агли го покажаа обидот за глума, фудбалската јавност и тоа како му се нафрли на Нејмар. Ваков пенал ни неговиот татко нема да му свирне.