недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Зборовите на Анчелоти одекнаа, Реал ќе доминира во следната деценија?

Зборовите на Анчелоти одекнаа, Реал ќе доминира во следната деценија?

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, даде одредени навестување за идните чекори на овој клуб во преодните рокови.

Килијан Мбапе е практично завршена работа. Усниот договор е веќе тука, официјално се крие зад очите на јавноста, но се би требало да биде објавено по двомечот меѓу Реал и ПСЖ во Лигата на шампионите. Французинот следното лето пристигнува како слободен играч со огромна плата и бонуси поради тоа што го избра токму Реал.

Доста се шпекулира и за доаѓањето на Ерлинг Халанд, кој сосема извесно ќе ја напушти Борусија Дортмунд и тоа може да го направи за 75 милиони евра следното лето. Мино Раиола лицитираше со клубовите кои можат да си го дозволат неговиот клиент, а секако дека на таа листа се и „Кралевите“. Конкуренција ќе им биде Барселона, а првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, јасно посочи дека сака да ги има двајцата најдобри млади играчи во шпанското првенство.

За двајцата најбарани млади фудбалери говореше токму Карло Анчелоти во празничното издание на „АС“.

„Секако, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд би сакале да играат на нашиот нов стадион. Иднината на овој тим е веќе испишана со сегашните играчи и со оние млади кои ќе стигнат, а јас се надевам дека како тренер ќе ја водам екипата кога стадионот ќе биде потполно реновиран и отворен“, изјави Анчелоти.

Кога станува збор за иднината, „Кралскиот клуб“ може да се потпре на Винисиус Жуниор, Едер Милитао, Едуардо Камавинга, Феде Валверде…

Анчелоти исто така ги отфрли и дилемите дека зимава клубот ќе се обиде да го засили тимот, а наместо тоа посака друга желба.

„Не, оваа зима не барам нови играчи. Ќе го побарам она што сите го сакаат: Пандемијата да заврши и да имаме здрава иднина. Среќен Божиќ и се најдобро им посакувам на сите ‘Мадридисти’“, додаде Италијанецот.