вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Ждрепката ги однесе Осогово и Новаци во Втора лига

Ждрепката ги однесе Осогово и Новаци во Втора лига

Тетекс, Башки и Вардар Неготино како победници во баражите си го заверија учеството во Втората лига, а денеска ждрепката требаше да одреди уште кои две екипи ќе им се приклучат.

Осогово и Новаци беа среќните два тима кои во следната сезона ќе играат во Втората лига, Влазрими останува во Трета лига.

Покрај петте екипи кои веќе ги споменавме, во Втората лига следната сезона ќе играат уште и Пелистер, Беса, Детонит Плачковица, Арсими, Охрид, Беласица, Караорман, Кожув, Каменица Саса, Победа и Скопје.