четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жестока казна за Мурињо од УЕФА

Жестока казна за Мурињо од УЕФА

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни тренерот на Рома, Жозе Мурињо со четири натпревари забрана за водење на тимот во Европа следната сезона поради инцидентите кои ги направи во финалето на Лига Европа.

За време и по натпреварот Мурињо го навредуваше и пцуеше англискиот судија Ентони Тејлор, а потоа во изјави за медиумите говореше крајно лошо за судијата на финалниот натпревар во кој Рома загуби од Севиља по пенал.

УЕФА брутално го казни Португалецот бидејќи ова не е првпат да прави вакви инциденти.

Поради инцидентите кои навивачите на римскиот клуб ги направија пред, за време и по натпреварот, Рома е казнета со 55.000 евра, забрана за продажба на билети за едно европско гостување, како и да ја надомести целосната штета предизвикана на  стадионот во Будимпешта каде се одигра финалниот натпревар од Лигата на Европа.