четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жозе Мурињо се враќа во Реал Мадрид ?

Жозе Мурињо се враќа во Реал Мадрид ?

Шпанските медиуми изнесоа сензационална информација дека претседателот Флорентино Перез го контактирал и португалскиот стратег, Жозе Мурињо.

Дел од медиумите објавија дека преминот на Чаби Алонсо е скоро „готова работа“, но има и такви кои од доброупатени извори дознаваат дека Мурињо е исто така во игра за преземање на „кралскиот клуб“.

Многу навивачи со потсмев ја прифатија оваа информација, но има и такви кои не би имале ништо против португалскиот стратег да се врати во Мадрид.

Шпекулацијата за враќањето на Мурињо ја подгреа и познатиот новинар, Џалука Ди Марцио, а објава со слична содржина имаше и престижниот „Ел Мундо Депортиво“, кој вели дека „специјалниот“ смета дека има „незавршена работа“ со Реал и би сакал одново да седне на клупата на најтрофејниот европски клуб.