среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Зидан се искачи на второто место меѓу тренерите на Реал по бројот на победи во првенството на Шпанија

Зидан се искачи на второто место меѓу тренерите на Реал по бројот на победи во првенството на Шпанија

Тренерот на Реал, Зинедин Зидан во синоќешниот натпревар од 28. коло од шампионатот на Шпанија против Еибар, прослави јубилеј 200. пат предводник на „кралскиот клуб“, како и искачување на второто место кај тренерите по бројот на победи.

Французинот има 90 победи како предводник на Реал во првенството на Шпанија.

Повеќе триумфи од Зидан има само Мигел Муноз кој го водеше тимот до успех – 257 пати.

На третото место падна Лео Бенхакер со 89 победи.