вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жоржињо е најдобар фудбалер за минатата сезона според УЕФА

Жоржињо е најдобар фудбалер за минатата сезона според УЕФА

Европската фудбалска унија (УЕФА) го прогласи фудбалерот на Челси и италијанската репрезентација, Жоржињп за најкорисен фудбалер за минатата сезона во натпреварувањата на УЕФА. Во финалниот избор тој ги победи Канте и Де Брујне и го освои ова ласкаво признание.

Жоржињо стана европски првак и го освои Суперкупот на Европа со Челзи, а со италијанската релрезентација стана шампион на Европа на континенталниот собир.

Италијански фудбалер првпат ја освојува оваа награда, а втор фудбалер на Челзи, по Дрогба, кој е најдобар според УЕФА.

Италијанскиот играч од средниот ред сега е еден од фудбалерите кои влегуваат во потесниот избор за „Златната топка“.