четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

АБА лига – МЗТ Скопје Аеродром убедливо поразен во Чачак

АБА лига – МЗТ Скопје Аеродром убедливо поразен во Чачак

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром одиграа уште очаен натпревар во АБА лигата и го загубија можеби клучниот натпревар за опстанок во АБА лигата, откако вечерва се поразени на гостувањето кај Борац Чачак со 105:84.

Одбраната не беше на потребното ниво, а МЗТ по овој пораз речиси и да ги загуби шансите да опстане во регионалното друштво. Сега „металците“ имаат две победи помалку од директниот ривал за опстанок Борац Чачак на три кола до крајот.

Хантер Хејл со 22 поени беше најефикасен кај Борац Чачак, Марко Радоњиќ уфрли 19, а Сава Лешиќ постигна 18 поени.

Кеандре Кук со 20 поени и Страхиња Мичовиќ со 18 беа единствени расположени во тимот на МЗТ Скопје Аеродром.