Кошаркарите на Црвена Звезда не дозволија изненадување и се пласираа во полуфиналето од АБА лигата откако вторпат го совладаа Задар, сега на гости со 63:74.
Од почетокот Звезда беше подобриот противник на паркетот, но на полувремето имаше само два поени предност. Како одлучувачки се покажа третиот период кој црвено-белите го добија со 18:11, до крајот на натпреварот Звезда рутински одработи и ја сочува предноста.
Најефикасни на натпреварот беа Божиќ и Чампара од Задар со 17 и 15 поени, додека кај Звезда Митровиќ постигна 13, а Кампацо еден поен помалку.
Во полуфиналето тимот од Белград ќе игра против Будуќност која исто така со 2:0 во серијата беше подобра од Олимпија Љубљана.