Регионалната АБА лига ја објави идеалната петорка за регуларниот дел од сезоната 2022/23. Претходно лигата објави дека МВП на сезоната е кошаркарот на Задар, Лука Божиќ.
Во идеалната петорка за сезоната 2022/23 доминираат играчите на Партизан кои завршија на првото место на табелата, а тројца од нив се во идеалната петорка.
Тоа се Данте Екзум, Кевин Пантер и Матијас Лесор. Покрај нив, тука е актуелниот МВП на сезоната, Божиќ и Аргентинецот од Црвена звезда, Факундо Кампацо.
Најмногу гласови од тренерите, навивачите и новинарите доби Божиќ (17,9%), а потоа Лесор и Кампацо (13%), Ексум (7,5%) и Пантер (7,3%).
Од воведувањето на изборот на најдобра петорка во АБА лигата, во сезоната 2013/14, ова е првпат Партизан да има дури три претставници во истата. Имаа по двајца во споменатата сезона и една година подоцна (2014/15).
Белградска Црвена Звезда во сезоната 2016/17 имаше тројца играчи во надобрата петорка: Стефан Јовиќ, Чарлс Џенкинс и Марко Симоновиќ.