Српскиот кошаркарски тим Црвена Звезда промовира уште едно засилување за новата сезона, а тоа е Адам Ханга кој доаѓа од редовите на европскиот шампион Реал Мадрид.
Ханга потпиша двегодишен договор со Ц. Звезда и ќе им се приклучи на подготовките на неговите нови колеги.
Досега во Белград пристигнаа Дејан Давидовац, Милош Теодосиќ и Марко Симоновиќ, а тоа е потврда дека Ц. Звезда има високи амбиции за следната сезона.