Трипл-дабл ефектите на НБА ѕвездите се солидно мерило за нивниот учинок на теренот, но очигледно создадоа и помалку претеран натпревар за што подобри бројки.
Вистински пример за тоа е потегот на Јанис Адетокумбо, кој утринава ги шокираше коментаторите и НБА фановите.
Во ситуација кога неговиот Милвоки веќе ја имаше обезбедено победата над Вашингтон, грчкиот центар го искористи последниот напад за да го собере скокот кој му недостасуваше за трипл-дабл. Па така, наместо нови поени, Јанис намерно промаши и ја собра топката од под кошот.
На крајот, го заврши натпреварот со 23 поени, 13 асистенции и 10 скокови, но стана и мета на сеирџиите во НБА.
Giannis Antetokounmpo intentionally missed a shot in the final seconds to get his 10th rebound and secure a triple-double 👀 pic.twitter.com/QFthHLlLcu
— Action Network (@ActionNetworkHQ) March 6, 2023