Детроит постигна 130 поени на дуелот против Милвоки, но и тоа не беше доволно за победа над Бакс, екипа во чии редови се вратија две големи ѕвезди.
Јанис Адетокумбо и Крис Мидлтон ги надминаа проблемите со повреди и беа дополнителна мотивација за екипата која го доби натпреварот со 130:150.
Грчкиот кошаркар постигна 20 од 29 поени во првиот период, додека Мидлтон бил поскромен со 8 поени и 4 асистенции. Најефикасен на теренот бил Богдановиќ со 33 поени.
Браун и Тејтум постигнаа по 26 поени и беа најефикасни на Флорида, но Орландо го совлада Бостон со 113:98, а во своите редови го имаше расположениот Банкеро кој постигна 23 поени.
Детроит – Милвоки 130:150
Орландо – Бостон 113:98
Чикаго – Атланта 111:100
Хјустон – Минесота 119:114
Јута – Шарлот 120:102
Портланд – Сан Антонио 147:127
Сакраменто – Мемфис 133:100