среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Адетокумбо: Кога ти оди шутот, натпреварот станува многу лесен

Адетокумбо: Кога ти оди шутот, натпреварот станува многу лесен

Најголемата ѕвезда на актуелниот НБА шампион Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо, рано утрово со 44 постигнати поени го предводеше својот тим до триумф (131:116) на гостувањето кај Лос Анџелес лејкерс.

Гркот ги кажа своите впечатоци по извонредниот настап во „Crypto.com Arena“.

– Очигледно кога оди шутот, натпреварот станува многу полесен. Секогаш се трудам да ги вклучам моите соиграчи и да го најдам најдобриот начин да му помогнам на тимот, но понекогаш кога оди шутот се чувствувате самоуверено, подобро се браните. Денеска беше еден од тие натпревари, изјави Јанис.

Антетокумбо на натпреварот покрај 44 поени, забележа 14 скока и 8 асистенции.

Милвоки по 56 натпревари сезонава во НБА-лигата има 35 победи и 21 пораз и е втор на табелата во Источната конференција.

Лејекрс со биланс 26-29 (победи-порази) се на 9. место во поредокот на Западната конференција.