петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Адетокунбо постави рекорд, па се повреди (ВИДЕО)

Адетокунбо постави рекорд, па се повреди (ВИДЕО)

Во текот на ноќта се одиграа три натпревари во НБА лигата, а ударна вест во САД е повредата на еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Јанис Адетокунбо.

Милвоки гостуваше во Чикаго, а Јанис на паркетот мина само девет минути. Тој го започна натпреварот и излета на крајот од првата четвртина, а набрзо по враќањето во игра на почетокот на втората четвртина се здоби со повреда на зглобот.

Коби Вајт отиде на леј-ап, Јанис се обиде да го блокира, а при падот ја повреди раката и мораше да го напушти паркетот, а уште се чекаат вести за тежината на повредата.

Адетокунбо овој меч го заврши со 2 поени и 7 скока, но благодарение на 3 асистенции го собори рекордот на Милвоки.

Одличниот Грк сега има 3.274 асистенции на своето конто и го мина Пол Преси кој во периодот од 1982 до 1990 година запиша 3.272 асистенции за Бакс.

Милвоки го победи Чикаго со 112:100 благодарение на 33 поени на Брук Лопес, додека на другата страна Никола Вучевиќ постигна 22 поени со 16 скока.