вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Академија ФМП ќе разигрува за титулата

Академија ФМП ќе разигрува за титулата

Во заостанатиот натпревар од 20. коло, Академија ФМП стигна до 11. победа во сезоната откако славеше на гостински терен против ТФТ со 65-77. ‘

Во победничкиот тим Крстајиќ беше извонреден со 34 поени и 10 скока, а Харис заврши со 10 поени. Кај ТФТ се издвои Митревски со 18 поени и пет скока.

Ова воедно беше и последен натпревар за Академија ФМП во регуларниот дел од сезоната, додека за ТФТ останува натпреварот против Гостивар кој директно ќе одлучува за петата позиција на табелата.