Скопскиот тим на Академија ФМП стигна до четврата победа во низа откако на домашен терен славеше против МЗТ Скопје 2 со 84-74.
Избраниците на Александар Петровиќ беа подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот и сосема заслужено стигнаа до нови два бода.
Стефан Крстајиќ беше предводник на составот од Кисела Вода со 16 поени и 3 скока, а него го следеше Филип Бакоч со 12 поени и 9 скока. Карло Блажевски беше првото име кај гостите со 16 поени, а Габриел Коскоски додаде 14 поени и 4 скока.