недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Академија ФМП нема да игра Суперлига

Академија ФМП нема да игра Суперлига

Македонската кошаркарска Суперлига ќе има нов учесник, Академија ФМП не успеа да се трансофмира во Акционерско друштво, па нејзиното место во разигрувањето за титулата ќе го добие дебитантот Феникс 2010.

Информацијата ја сподели канцеларијата на сениорски лиги при Македонската кошаркарска федерација, која ја информира јавноста за следните промени во натпреварувањето во Првата лига-мажи за сезоната 2021/22.

„Поради неможноста за трансформација во акционерско друштво, како што наложуваат законските обврски, односно Законот за трансформација на клубовите во највисокиот степен на натпреварување во акционерски друштва, и поради моменталната состојба за остварување право на пласман во Суперлигата во сезона 2021/22, екипата на Навико Академија ФМП од Скопје не може да продолжи со настапи во највисокиот ранг на натпреварување од Првата лига-мажи, Суперлигата. Местото на Навико Академија ФМП од Скопје го презема екипата на Феникс 2010 АД – Скопје“, велат од федерацијата.

Согласно со тоа Академија ФМП го продолжува натпреварувањето во плеј-аут лигата, а Феникс како следна според пласманот по одигрувањето на првиот дел од првенството, го презема местото во Суперлигата во натпреварувачката сезона 2021/22.