петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Александар Костовски се договори со ТФТ

Александар Костовски се договори со ТФТ

Екипата на ТФТ  се договори со поранешниот македонски репрезентативец Александар Костоски.

33-годишниот кошаркар изминатите неколку сезони ги мина во Гостивар, но дојде до неочекуван раскин на договорот. Причините биле приватни, по барање на Костоски, клубот му излезе во пресрет и тој веднаш си најде нова средина.

Костоски ќе го менува Тај Харис, кој беше главен играч на ТФТ минатата сезона, но замина во Турција. Некогашната македонска „единица“ и шутер за три се очекува да биде прв избор на плејмејкерската позиција во клубот.