Познатиот хрватски кошаркар и тренер Александар Петровиќ ја презеде функција спортски директор на хрватската кошаркарска репрезентација.
Хрватската кошаркарска федерација ја објави новата функција и официјално го назначи Петровиќ како прв спортски директор на репрезентацијата. 63-годишниот специјалист без двоумење ја прифатил поканата.
Се очекува во многу скоро време, Петровиќ да назначи и ново селекторско име на клупата на „коцкестите“.