недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Американецот Едвардс се сели во Фенербахче

Американецот Едвардс се сели во Фенербахче

Американскиот кошаркар Карсен Едвардс потпиша едногодишен договор со Фенербахче објави турскиот клуб.

24-годишниот Едвардс игра на позицијата плејмејкер. Во својата досегашна кариера настапуваше за Бостон и Детроит во НБА лигата, додека во развојната лига настапуваше за Мејн и Солт Лејк Сити.

Едвардс минатата сезона беше петти водечки стрелец во развојната лига со просек од 23,3 поени, 4,1 асистенции, 2,8 скока и 1,5 украдени топки.

Тој е шестото засилување на Фенербахче во летниот преоден рок по Тонје Џекири, Скоти Вилбекин, Џонатан Мотли, Самет Гејиќ и Најџел Хејс-Дејвис.