четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Американците ја растурија Грција во Абу Даби

Американците ја растурија Грција во Абу Даби

Кошаркарската репрезентација на САД покажа дека пак е фаворит за златото на Светското првенство, декласирајќи ја Грција со 108:86 на пријателскиот меч во „Етихад арената“ во Абу Даби.

Ентони Едвардс блесна за САД со 21 поен, 4 скока и 1 асистенција, Камерон Џонсон додаде 13 поени, а Џерен Џексон и Остин Ривс завршија со по 11 поени.

Кај Грците, селекторот Димитрис Итудис не можеше да смета на Костас Папаниколау, а најдобри на теренот беа Никос Рогавопулос и Панајотис Калаицакис со по 12 поени.