Евролигата ќе добие нов владетел бидејќи екипата на Анадолу Ефес не избори место во плеј-офот и ќе ја заврши сезоната по регуларниот дел. Поради тоа, атмосферата во тимот не е идеална, напротив клубот е во проблеми.
Главни причинителни на проблемот се американските ѕвезди Шејн Ларкин и Вил Клајбурн. Имено, в неделата Ефес загуби на гости во турското првенство од Пинар Карсијаке, а по мечот тимот задоцни за летот. Откако им понудиле автобуски превоз назад за Истанбул, сите освен Ларкин и Клајбурн прифатиле.
Се зборува дека ѕвездите се на излезните врати, тренерот Ергин Атаман повеќе не смета на нив, а по крајот на сезоната сите тројца веројатно заминуваат од Истанбул.