Капитенот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, Анџелика Митрашиновиќ има нов клуб за следната сезона.
Митрашиновиќ ќе настапува за најдобриот клуб во Словачка, екипата на Пиештанске Чајки. Македонската кошаркарка е задоволна за новата авантура и трансфер, па не ја криеше среќата за потписот.
„Слушнав само добри работи за Пjeштaнски Чајки. Ми кажаа и за тоа дека имаат одлични навивачи. Затоа решив да дојдам во оваа средина, со толку добра атмосфера и капацитети. Се надевам дека ќе успееме да ја освоиме шампионската титула и повторно да биде освоен и словачкиот Куп. Во Еврокупот очекувам да постигнеме добри резултати“, изјави Митрашиновиќ.
Своите очекувања од Македонката ги изнесе и тренерот на тимот, Петер Јанковиќ, кој кажа:
„Таа доаѓа како една од замените за играчите кои си заминуваат. Верувам дека ќе го покаже својот потенцијал кој го докажа во АБА лигата и во француската лига. Таа е играч кој може да постигне кош. Со одличен увид во играта. Таа е веќе искусна, па и јас верувам во нејзиното искуство и со нетрпение очекувам да работам со неа. Сите се надеваме дека таа ќе биде предност за овој тим“.
Митрашиновиќ се етаблира како една од најдобрите кошаркарки речиси во сите тимови каде што игра. Во Словачка, Митрашиновиќ се сели од редовите на црногорскиот тим Монтана со кој настапуваше во женската АБА лига.