Македонската машка кошаркрска репрезентација се подготвува за новиот предизвик, а дел од селекцијата е и членот на МЗТ Скопје, Андреј Андоноски.
Андоноски е дел од новата генерација кои заедно со заедно со Марко Миловановиќ, Петар Бошалески и Теодор Симиќ треба да донесет свежина, нова крв.
-Добиваме шанса за да се покажеме и во сениорскиот тим. Во оваа екипа има, како искусни, така и млади играчи кои што сме желни да се покажеме. И дека доколку добиеме шанса, можеме да направиме успех. Повеќето од нас добро се знаеме. Имаме играно и во некои претходни циклуси од прет-квалификациите. И дека овој период е доволен за да се соединиме. Имаме и некој нов план кој што треба да ни донесе успех, -вели Андоноски.
Нашата селекција овој викенд ќе одигра две пријателски средби против Полска во Белград, контроли кои ќе ни покажат до каде сме пред претквалификациите за Олимписките Игри.