вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Андреј Маслинко ново засилување за Гостивар

Андреј Маслинко ново засилување за Гостивар

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Маслинко и официјално е нов играч на Гостивар, потврди суперлигашот.

Маслинко во Гостивар доаѓа од редовите на актуелниот освојувач на Купот, ТФТ и се очекува да биде еден од носителите на играта во новата сезона на гостиварци.

Маслинко (208 сантиметри, 25 години) минатата сезона имаше просек од 7,6 поени и 4,7 скокови по натпревар.

Управата на Гостивар е доста активна на трансфер пазарот и ги ангажира Максим Митевски и Грузиецот Гиорги Корсантиа, а ги продолжи договорите со Лефкоски, Ренато и Роберт Димитиевски како и со Ефремовски.