петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Арон Вајт потпиша за Будуќност

Арон Вајт потпиша за Будуќност

Арон Вајт потпиша договор со својот осми европски клуб, втор во АБА лигата. Крилниот центар е нов играч на Будуќност.

Со неговото доаѓање тимот од Подгорица се комплетира, бидејќи новиот тренер Владе Јовановиќ бараше само „четворка“ за целосен ростер.

Вајт во „црвено-белиот“ дрес забележа просечни 7 поени и 3,1 скока во АБА лигата, а во Евролигата имаше нешто послаб учинок (5,5 поени и 3,6 скока). Неговата најдобра сезона во елитното натпреварување беше сезоната 2017/18 година, кога во дресот на Жалгирис имаше просек од 8,9 поени и 4,4 скока и го освои третото место на „фајнал-фор“ турнирот.

Освен за Жалгирис и Црвена Звезда, засилувањето на Будуќност играше и за Бон, Зенит од Санкт Петербург, Армани, Тенерифе и Панатинаикос.