сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ашаданов: Дури и да бевме комплетни, Белгија ќе беше пресилен противник за Македонија

Ашаданов: Дури и да бевме комплетни, Белгија ќе беше пресилен противник за Македонија

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација на Македонија Александар Ашаданов, Македонија и да беше во комплетен состав, Белгија ќе беше пресилен противник.

– Најпрво, сакам да ѝ посакам на Белгија среќа на ЕП, според мене, тие се една од топ-3 екипите фаворити кои можат да го освојат шампионатот. Девојките го дадоа максимумот, се вложија колку што можат по она исцрпување во Босна и Херцеговина да се дојде до таа посакувана победа, а потоа целиот тој пат со автобус. На тој дуел, пет играчи играа 39 минути. Исто така, тука в Скопје беше и квалитетот на противникот. Можеби резултатот е голем, но девојките не се откажаа и дадоа отпор колку што беше во нивна моќ. Дури и да бевме во комплетен состав, Белгија ќе беше пресилен противник за нас. Се надевам дека победата во овие квалификации и целиот циклус ќе бидат мотив за сите понатаму и за помладите кои треба допрва да ни се вклучат во процесот на надградба на сениорската репрезентација – рече Ашаданов по мечот со Белгијките.