петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ашаданов го објави списокот за мечевите со Белгија и БиХ

Ашаданов го објави списокот за мечевите со Белгија и БиХ

Селекторот на нашата сениорска женска репрезентација, Александар Ашаданов, го објави списокот на кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари од квалификациите за Евробаскетот кој во 2023 година ќе се одржи во Израел и Словенија.

На листата се најдоа вкупно 18 кошаркарки кои ќе конкурираат за репрезентативниот дрес, односно средбите од третиот ФИБА „прозорец“ во кој нашата женска сениорска репрезентација ќе ги одигра последните два натпревари од групата А од квалификациите.

  • Списокот на кошаркари:

1. Анџелика Митрашиновиќ     Монтана Бугарија
2. Илина Селцова  Пeac Унгарија
3. Mерит Хемпе      Анкара Турција
4. Тијана Митрева Росато Италија
5. Марија Димитријевиќ Бадел 1862 Скопје
6. Матеа Николиќ Стела Азура Италија
7. Милица Николиќ   Торелодонес  Шпанија
8. Ања Начевска    Вардар Скопје
9. Јелена Антиќ       Вардар Скопје
10. Александра Стојановска   Марист Шпанија
11. Нена Трајчевска         Архил Шпанија
12. Цветанка Димова       Баскет Кам 2011 Каменица
14. Катерина Поп-Димитрова   Баскет Кам 2011 Каменица
15. Драгана Петковска    Вардар Скопје
16. Михаела Алексовска Крива Паланка
17. Ивана Кметовска        Сент Џорџ Романија
18. Сања Адамовска        Баскет Кам 2011 Каменица

Прво ќе се сретнеме со селекцијата на БиХ,  на деветти февруари во салата на спортскиот центар „Сабит Хаџиќ“ на Илиџа во Сараево. Три дена подоцна на домашен терен во Скопје ќе ја пречекаме Белгија.