недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Ашданов: Многу потешко е да се игра без најдобриот играч против Белгија

Ашданов: Многу потешко е да се игра без најдобриот играч против Белгија

Селекторот на женската кошаркарска репрезентација Александар Ашаданов не му преостана ништо друго освен да му честита на далеку поквалитетниот противник. Белгија потврди дека е веројатно и фаворит за место кое води на Евробаскетот во 2023 година.

„Ова е некоја, би ја нарекол, сурова реалност. Игравме против еден, за нас, пресилен противник. Селекција која е одлично покриена на сите позиции, има одлична ротација, и која веројатно до крајот на квалификациите ќе ги добие сите натпревари, вклучително и наредниот со БиХ. Евидентно е во нашата игра дека ни недостасуваше вистински организатор на играта. Се обидовме да го надополниме отуството на нашата најдобра кошаркарка. Но видливо беше дека тоа тешко ни оди. Без квалитетен плејмејкер, е двојно потешко и за другите. Немам замерки, Белгија е едно ниво над нас, и за нас останува да пронајдеме начин како да ја поправиме играта пред наредниот дуел, оној со Германија во Скопје“, искоментира македонскиот селектор по завршувањето на средбата во Ловен.