петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Асвел Вилербан му врачи отказ на тренерот Ти-Џеј Паркер

Асвел Вилербан му врачи отказ на тренерот Ти-Џеј Паркер

Тони Паркер, газдата на евролигашот Асвел, му врачи отказ на својот брат Ти-Џеј Паркер. Под водство на Ти-Џеј, Асвел во домашното првенство има само четири победи во првите седум кола, а во Евролигата нема победа по воведните четири рунди. Лош старт за клубот кој сезонава има буџет од 21.000.000 евра.

Асвел, во четвртокот, доживеа пораз во Истанбул од Фенербахче и покрај тоа што на полувреме имаше предност од 18 поени. Овој пораз значеше крај за Ти-Џеј, кој со Асвел го израмни негативниот рекорд во Евролигата.

Сметајќи ги резултатиот од минатата сезона и почетокот на оваа, во Евролигата, Асвел има 17 порази по ред.

Газдата Паркер, има жечба да го донесе на клупата Гордон Херберт, кој неодамна со Германија стана светски првак.Додека траат преговорите со Херберт, Асвел викендов ќе го предводи тандемот Жан-Кристоф Прат и Пјерик Пупе.