среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Атанасов: Дојдовме до посакуваниот трофеј

Атанасов: Дојдовме до посакуваниот трофеј

Кошаркарите на МЗТ Скопје особено во второто полувреме, лесно и убедливо го совладаа Феникс 2010 (76:54) и дојдоа до шестиот трофеј во Суперкупот во клупската историја.

Тренерот на МЗТ, Васко Атанасов, одлично ги искористи речиси сите играчи од клупата, го распредели речиси рамномерно товарот врз сите.

– Имавме едно лошо прво полувреме во напад и во одбрана, но во вториот дел бевме доста подобри и дојдовме до посакуваниот трофеј. Честитки до мојата екипа за победата и за трофејот кој ни беше зацртан да се освои. Целите се јасни за нас оваа сезона, одиме на секој меч на победа и на домашната сцена и во АБА-2 и се надевам на успех – изјави Атанасов по завршувањето на натпреварот во СРЦ „Кале“.