Екипата на Атланта Хоукс ќе го задржи во своите редови еден од најдобрите кошаркари, Дежонте Мари. Тој ќе потпише нов четиригодишен договор, кој му гарантира заработка од 120 милиони долари.
26-годишниот бек-шутер е една од ѕвездите на тимот и минатата сезона бележеше одличен просек од 20.5 поени, 5,3 скокови и 6,1 асистенции по натпревар. Мари пристигна во Аталанта од редовите на Сан Антонио Спарс и оттогаш се наметна како еден од лидерите на тимот. Навивачите на клубот се среќни и задоволни од потписот, а управата на „јастребите“ официјално ја објави новата соработка.