среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Австралијците не отпатуваа во Иран од страв за својата безбедност

Австралијците не отпатуваа во Иран од страв за својата безбедност

Кошаркарската федерација на Австралија објави соопштение со кое објави дека репрезентацијата на оваа земја нема да патува во Иран поради политичката ситуација во оваа азиска држава.

Иран и Австралија требаше да играат натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2023 година, но Австралијците не се чувствуваат безбедни и затоа го откажаа своето патување.

Со триумфот против Казахстан во претходниот меч, тие веќе го обезбедија пласманот на Мундобаскетот, но можно е да добијат казна за овој свој потег.

Натпреварот е од огромно значење за Иран кој се уште има шанси за второто место на табелата што води на Светското првенство.

Владата на Австралија неодамна ги предупреди своите жители за потенцијални терористички напади и пукање во Иран, а дополнително соопшти дека при евентуални проблеми со своите државјани во оваа држава дека не може да им помогне при евакуација поради лимитираните можности.

Во текот на оваа година Австралија одби да ја пушти јуниорската репрезентација на Азиското првенство во Иран поради што доби суспензија од ФИБА и М19 репрезентацијата нема да може да настапи на Светското првенство идното лето.