Кошаркарите на Бадел 1862 стигнаа до голема победа во втоиот круг од натпреварите во женското издание на Јадранската лига. Пред македонскиот претставник падна фаворизираниот тим на Триглав, кој беше совладан со убедливи 69-44.
Максмовска и Трајчевска со по 15 поени беа најпрецизни во таборот на македонскиот тим, а солиден учинок имаа и Кметовска (13) и Стојановска 12).
Во следниот круг од натпреварите, на 3. февруари, исто така во Скопје, Бадел 1862 ќе го пречека топ-фаворитот во регионалната лига, екипата на Будуќност Бемакс.