четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бадел 1862 го засилува стручниот штаб, Горан Крстевски зачекорува во женската кошарка

Бадел 1862 го засилува стручниот штаб, Горан Крстевски зачекорува во женската кошарка

Шампионот на Македонија во женска кошарка, Бадел 1862 го засилува стручниот штаб.

Ново име во стручниот штаб е Горан Крстевски Кичо, проверен тренер кој по многубројните титули и успеси во машката младинска и сениорска кошарка, реши да зачекори и во женската.

-Почестени сме што тоа го прави токму во нашите бои, боите на ЖКК Бадел 1862. Крстевски ќе биде од огромна помош во стручниот штаб кој го сочинуваат тренерите Перо Стамески, Анета Глигорова и Дарко Димитријевиќ, велат од клубот.