Македонската кошаркарска репрезентација ќе ги одигра последните два квалификациски меча од првата фаза за пласман на Светското првенство 2023 година. Шпанија и Украина се противниците на „црвено-жолтите“.
Првиот дуел нашите момци го играат на гости кај актуелниот светски првак, Шпанија во Сарагоса на први јули, додека три дена подоцна во Скопје ја пречекуваат Украина.
Бајиќ за мечот со Шпанија одбра 12 кошаркари, а од списокот отпаднаа Страхил Николов од ТФТ и Валмир Какруки од Работнички.
СОСТАВ МАКЕДОНИЈА за мечот со Шпанија
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром, Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром, Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром, Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром, Стојан Ѓуроски – Пелистер, Андреј Маслинко – ТФТ, Виктор Ташовски – ТФТ, Виктор Ефремовски – Гостивар, Теодор Симиќ – Барселона-Шпанија, Андреј Јакимовски – Вашингтон Стејт (НЦАА-САД), Рубин Стефанов – Италија.